Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Алепо е убиен портпаролот и ветеран на „Исламска држава“

Во Алепо е убиен портпаролот и ветеран на „Исламска држава“

Абу Мохамед ал Аднан, портпаролот на групата „Исламска држава“, сириски државјанин, е убиен во сирискиот град Алепо, пренесоа светските агенции.

Тој стана познат со повиците кон приврзаниците на „Исламска држава“ да преминат кон активности во родните земји, користејќи било оружје што ќе им дојде до рака – ножеви, камења или автомобили. Симпатизерите на „Исламска држава“ беа повикани од Ал Аднан да ги напаѓаат граѓаните на земјите во антиисламската коалиција предводена од САД, со посебен акцент на Франција. Овој повик инспирира серија напади во Европа.

Веста за смртта на Ал Аднан ја соопшти агенцијата Амак, која е блиска до „Исламска држава“. Тој беше еден од ветераните на „Исламска држава“.

Слично

Поврзани вести