Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Африка за 31 отсто има пораст на бројот на заразени со коронавирусот

Во Африка за 31 отсто има пораст на бројот на заразени со коронавирусот

Случаите со Ковид-19 се во пораст во Африка и Америка, информираат од Светската здравствена организација(СЗО). Процентот на зарази е зголемен во Африка (31 отсто) и Северна и Јужна Америка (13 отсто), додека во останатите четири региони има пад. 

Тедрос Аданом Гебрејесус од СЗО вели дека епидемиолошката слика е лоша поради омикрон кој брзо се шири. 

„Сведоци сме на зголемување на бројот на заразени во Америка и Африка предизвикани од подвидови на Омикрон“, вели генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО).

Во неделата од 25 април до 1 мај, во светот има 3.893.033 случаи на инфекција со коронавирус и 15.695 починати. Морбидитетот во светот минатата недела е намален за 17 отсто, а смртноста за три отсто во однос на претходните седум дена. 

Во светот досега над 6.2 милиони луѓе починаа од коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести