Во 57 држави веќе го има подвидот на омикрон
Подвидот стелт омикрон досега е откриен во 57 земји во светот.
Светската здравствена организација(СЗО) денеска даде податоци за неговата распространетост. Прелиминарните податоци покажуваат дека тој е позаразен од другите видови омикрон. За шест недели подвидот омикрон БА.2 почнува да има приоритет над оригиналниот сој на омикрон (БА.1). Техничката директорка на СЗО, Марија ван Керхкова, изјави дека „нема индикации оти има промени во тежината на болеста“ со подвидот БA.2. СЗО деновиве повика на постепено укинување на рестрикциите.
Според неофицијални информации, овој подвид го има веќе и во Македонија.foto freepik.com
Слично
