Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во 2084 година исламска диктатура ќе владее со светот?

Во 2084 година исламска диктатура ќе владее со светот?

Алжирскиот писател, Буалем Санса си дозволува да изговори нешто што можеби тајно го мислат и други.

Тој е автор кој ужива голем успех. Последниот роман „2084" стана еден од најпродаваните романи на француски јазик за само шест месеци откако беше издаден. За успехот на делото придонесуваат богатиот и живописен јазик на авторот, но и остриот наслов - "2084", што секогаш буди асоцијации со познатиот роман на Орвел „1984". Санса опишува во својот роман една исламистичка диктатура која владее со целата планета.

Зошто романот „2084" стана бестселер? Поради тоа што се чувствуваме привлечени од несреќата? Од латентен расизам или исламофобијата на Французите? Или од хистеријата предизвикана од двата големи напади против „Шарл Ебдо" и „Батаклан" минатата година? Или се се должи на вештачки создадената медиумска хистерија?

Авторот е роден во 1949 година и целиот живот го поминал во Алжир. Со помош на литературната фикција тој предупредува за опасностите поврзани со исламот.

Слично

Поврзани вести