Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО 2022 Е МОЖЕН КРАЈОТ НА ГЛОБАЛНАТА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ПОРАДИ КОРОНА ВИРУСОТ: Сепак опасно е да се мисли дека омикрон е последниот, предупредува СЗО

ВО 2022 Е МОЖЕН КРАЈОТ НА ГЛОБАЛНАТА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ПОРАДИ КОРОНА ВИРУСОТ: Сепак опасно е да се мисли дека омикрон е последниот, предупредува СЗО

Се уште има идеални услови за развој на нови видови на корона вирус и затоа е опасно да се мисли дека омикронот е последен или дека пандемијата е при крај, предупреди денеска генералниот директор на Светската зравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус.

Потенцираше дека во 2022 е можен крајот на глобалната вонредна состојба поради коронавирусот, но само доколку се постигнат зацртаните цели.

-Вакцинација на 70 отсто од населението на секоја земја до средината на 2022 година, со фокус на ранливите групи и подобреното тестирање и следење на движењата на вирусот. Точно е дека и во блиска иднина ќе живееме со Ковид-19 и ќе треба да научиме да управуваме со него преку одржлив и интегриран систем на акутни респираторни заболувања за да се подготвиме за идни пандемии. Но, учењето да живееме со Ковид-19 не може да значи прифаќање на речиси 50.000 смртни случаи неделно од болести што може да се спречат и лекуваат, рече Гебрејесус.


Слично

Поврзани вести