Во 2018 година ќе има 20 силни земјотреси?
Идната година можни се силни земјотреси во целиот свет поради периодично успорување на ротацијата на Земјата.
За оваа опасност предупредуваат научници. На годишна средба на Американското геолошко здружение, Ребека Бендик од Универзитетот Монатана и Роџер Билам од Универзитетот Колорадо ги објаснија тие ставови дека мали промени во брзината на вртењето на Земјата може да предизвикаат големи промени на планетата и да направат поместувања на тектонските плочи.
Во почетокот на 2018 година може има 20 силни земјотреси.
Најголемо влијание ќе се почувствува во екваторијалните региони каде живеат околу милијарда луѓе.
„Корелацијата меѓу вртењето на Земјата и сеизмичката активност е силна и укажува дека ќе има зголемен број земјотреси во следната година“- изјави Билам за Гардијан.
Научниците ги анализирале сите земјотреси со јачина над 7 по Рихтер во изминатиот век. Тие укажуваат дека постојат пет периоди на зголемена сеизмичка активност што се случува во интервал од околу 32 години.
Земјотресите кои се случија во Мексико, Иран и во Ирак ќе бидат следени од многу посилни земјотреси следната година.
