Во 2016 ОПЕК ќе ја крева цената на нафтата
Ќе има корекции на цените на нафтата во 2016 година, изјавил министерот за енергетика на „ОАЕ“ Мохамед Ал-Мазур, пренесе „ABC News“.
„Сега е време на флуктуации, а за некои - и болка. Но таа болка не е новина за нафтената индустрија. Сите ние ја познаваме, сме поминале низ неа и ќе излеземе од неа посилни“, изјави ал-Мазур.
Тој не прецизира колку ќе се зголемат цените на нафтата, но изјавил дека „ОПЕК“ нема да ги направи корекциите сам.
„ОАЕ“ е третиот најголем производител на нафта во „ОПЕК“. Земјата ја зголеми понудата во текот на оваа година, во услови на ниски цени на нафтата, според податоците на „Bloomberg“.
Брентот поевтини за 42% во последната една година, со што моментално се тргува на ниво од нешто над 49 долари за барел.
