Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во 2015 година Шпанија ќе биде најзадолжена

Во 2015 година Шпанија ќе биде најзадолжена

Шпанскиот јавен долг, кој значително се зголеми за време на петгодишната економска криза, ќе надмине 101 отсто од бруто домашниот производ  во 2015 година, соопшти денеска Владата во Мадрид.

Јавниот долг на Шпанија ќе достигне рекордни 101,13 проценти во 2015 година, пред да се намали на 101,09 отсто во 2016 година, се наведува во документот кој шпанските власти и го испратија на Европската комисија.

Во рамки на буџетот за следната година се очекува раст на јавниот долг на 98,86 отсто, по најавените 94,2 процента до крајот на оваа година.

Според Мастрихтскиот договор, членките на ЕУ треба да ги држат јавните дефицити под три отсто, а јавниот долг под 60 проценти од БДП.

Слично

Поврзани вести