Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во 2012-та од Русија нелегално изнесени 50 милијарди долари

Во 2012-та од Русија нелегално изнесени 50 милијарди долари

По илегален пат минатата година од Русија се изнесени над 49 милијарди долари, соопшти Централната банка .

Вкупниот одлив на капитал од Русија е намален во 2012 година на 56,8 милијарди долари од 80,5 милијарди од 2011 година.

Гувернерот во заминување на централната банка Сергеј Игњатиев рече дека од 49 милијарди долари нелегален одлив на капитал, само 14 милијарди долари се дел од илегални трговски операции, додека остатокот од парите ја напуштиле земјата преку сомнителни парични шеми.

- Со тие пари би можеле да бидат платени испораки на дрога, исплатено мито на службеници или менаџери кои го спроведуваат купувањето во големите приватни компании, укажа Игњатиев.

Слично

Поврзани вести