Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во 2012 Русија со рекордна продажба на оружје

Во 2012 Русија со рекордна продажба на оружје

Извозот на оружје од Русија е на рекордно ниво од 15,2 милијарди долари во 2012 година, изјави денеска директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка Александар Фомин.

Според податоците кои треба да бидат конечно потврдени во крајот на месецов, во извозот на оружје од Русија е регистрирано зголемување од 12 отсто во однос на 2011 година.

Русија е втора по извоз на оружје по САД. Меѓу најголемите клиенти на Русија се Кина и Индија. Меѓу новите клиенти во 2012 година се Авганистан, Гана, Танзанија и Оман.

Слично

Поврзани вести