Внукот на Рамзан Кадиров ќе управува со руската филијала на францускиот „Данон“
Руските власти нудат привилегии за Чеченец, кој е внук на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.
Јакуб Закриев, внукот на Кадиров е нов шеф на руската филијала на „Данон“, откако Кремљ ѝ нареди на државата да воспостави привремена контрола врз работењето на францускиот производител на јогурт во Русија, пишува Ројтерс. Закриев е чеченски министер за земјоделство.
„Ваквиот избор генерален директор на Данон Русија покажува дека претставниците на тимот на чеченскиот претседател и рускиот херој Рамзан Ахматович Кадиров се талентирани и успешни менаџери“, изјави на Телеграм Ахмед Дудаев, чеченски министер за национална политика, надворешни односи и информации. Откако почна руската инвазија на Украина во 2022 година, многу западни компании ја напуштија Русија, а некои од нив и нивните средства се под државно управување.
фото: твитер/принтскрин
