Внуките на Ести Лаудер веќе се милијардерки
Аерин и Џејн Лаудер , внуки на Ести Лаудер , покојната основачка на козметичкиот гигант кој го носи нејзиното име , веќе се милијардерки , благодарение на растот на цената на акциите на козметичките компании . Сестрите, кои се меѓу младите жени милијардери во светот , контролираат над 17 милиони акции на Estee Lauder Cos . Акциите кои ги поседуваат директно и преку семејни фондови , се проценуваат на околу 2,6 милијарди долари , според индексот на милијардери на Bloomberg .
Со седиште во Њујорк, акциите на компанијата поскапеле за 23% од почетокот на годината . Портпаролката на Estee Lauder Џил Марвин се одбила да ја коментира состојбата на двете наследнички. До сега, тие не се појавувале на меѓународните листи на богаташи .
" Estee Lauder продолжува да го зголемува пазарниот удел , а инвеститорите се насочуваат кон компании , кои се најдобри во својата класа " , вели Дејвид Ву , аналитичар во Telsey Advisory Group .
Четириесет и три годишната Аерин работи во Estee Lauder повеќе од две децении . Таа е мажена за Ерик Зинтерхофер , ко-основач на компанијата за удели и инвестирање Searchlight Capital Partners LLC . Џејн се придружи на компанијата во 1996 година. Минатата година таа се издигна до генерален менаџер на марките Origins , Darphin и Ojon . Таа е во брак со Кевин Уорш , поранешен шеф на Федералните резерви на САД и на 40 -годишна возраст е најмладата жена милијардер во САД по Линзи Торес , 31-годишната сопственичка на ланецот ресторани In- N- Out .
Аерин и Џејн се исто така во бордот на директори на Estee Lauder , заедно со нивниот вујко , милијардерот Леонард Лаудер и неговиот син Вилијам Лаудер . Статусот на таткото на двете наследници Роналд Лаудер се проценува на 3,5 милијарди долари , според Bloomberg . Осумдесет годишниот Леонард Лаудер е најголем акционер во компанијата со лична состојба проценета на 9,5 милијарди долари.
Ести Лаудер ја основала компанијата во 1946 година , правејќи креми за кожа на својот шпорет и продавајќи ги на козметички салони во Њујорк . Последователно Estee Lauder се претвора во најголемата козметичка компанија во светот.
Слично
