Економија, финансии, бизнис

Контакт

Внука „прошверцувала“ куче како бебе во болница за да ја утеши болната баба

Внука „прошверцувала“ куче како бебе во болница за да ја утеши болната баба

21 годишната Шелби Кеник сакала по секоја цена да ја утеши својата баба која поради негативна реакција на нејзините лекови била задржана повеќе денови во болница и не можела да го види своето куче Петси. 

Внуката која е инаку ветеринарен техничар знаела дека може да ја утеши својата болна баба доколку успеа да го прошверцува кучето и затоа го ставила под престилка за бебиња. 

Шелби вели дека ја знае терапевтската моќ која домашните миленици, особено кучињата може да ја имаат и затоа не се двоумела да го направи овој чекор кој сепак е против правилата на болницата. 

Ваквиот потег и донесе голема слава и на социјалните мрежи каде многумина ја оправдуваат и охрабруваат нејзината постапка.


Слично

Поврзани вести