Внимавајте во странство: 9 необични закони во светот кои мора да ги почитувате
Пред да заминете на некое патување, дознајте нешто повеќе за таа земја и нејзините закони...
Забрането тетовирање и правење „селфи“ со Буда
Ова правило се применува во Шри Ланка, па ако се најдете таму, избегнувајте правење фотографиибидејќи доста туристи веќе платиле парична казна. Истото важи и за тетоважи со слика на Буда.
Забранети електронски цигари
Ако одите во Тајланд, заборавете на вашата електронска цигара. Ако ве фатат со неа, вие дефинитивно ќе платите парична казна, и ако некој од судиите се соочи со вас, може да завршите зад решетките. Тајландците, исто така, неодамна забранија пушење на многу плажи.

Не носете маскирен фустан
Многу држави од Карибите, како што се Барбадос, Света Луција и Сент Винсент, забрануваат носење маскирна облека. Таа не смее да ја носи дури и дете.
Не хранете гулаби во Венеција
Немој никако да ви паднало на памет да го направите ова на плоштадот Свети Марко. Таму веќе има многу гулаби, па градските власти строго забранија нивно хранење, за луѓето да не привлекуваат уште повеќе.
Внимавајте на бензинот во Германија
Кога се наоѓате на патиштата во Германија, бидете сигурни дека имате доволно гориво. Имено, со законот е забрането да останете без гориво, што не е најнеобично, имајќи предвид дека на овој начин може да се ставите во опасност себе си и другите.

Не плукајте во Барселона
Некултурно однесување во вид на плукање постои речиси насекаде во светот. Сепак, градските власти во Барселона одлучија да реагираат на таков вид на некохерентност и прогласија дека плукањето е казниво.
Штикли во Грција
Грција не забрани да се носат потпетици на сите и насекаде, но само на посетителите на значајните знаменитости, како што е Акрополис. Донесувањето на оваа одлука ги потсети туристите дека штиклите може да ги оштетат историските локалитети и спомениците.

Внимателно со банкнотите во Тајланд
Да речеме дека сте во Бангкок и случајно ја испуштите банкнотата на улица. Не ја гледате и ја газите, веднаш сте уапсени од страна на полицијата. Епилог - или, во најдобар случај, парични казни затоа што го навредивте кралот кој е на тајландските банкноти. Навредите на кралот во оваа земја се сметаат за кривично дело.
Не пцуете во Обединетите Арапски Емирати
Пцуењето, исто како што грубите гестови се строго забранети во оваа земја. Сторитеите на ова дело може да бидат депортирани или, уште полошо, затворени.
