Економија, финансии, бизнис

Контакт

Внимавајте, омикрон ги напаѓа и вакцинираните и прележаните

Внимавајте, омикрон ги напаѓа и вакцинираните и прележаните

Омикрон предизвикува зараза и кај вакцинираните и кај оние кои го прележале коронавирусот, предупредија од Светската здравствена организација(СЗО). 

Директорот на СЗО,  Тедрос Адана Гебрејезус соопшти дека сега има докази дека омикрон-сојот се шири многу побрзо од делта.  Вели дека во 2022 мора да биде година кога ќе ставиме крај на пандемијата. 

Како што се приближуваат прославите на крајот на годината, Гебрејесус призна дека „сите сакаме да поминуваме време со пријателите и семејството. Сите сакаме да се вратиме во нормала“.

„Но, за да се вратиме во нормала, треба да се заштитиме сега бидејќи случаите на Омикрон, кој многу брзо се шири, се зголемуваат“, рече тој.

Откако беше регистриран во Јужна Африка во ноември, омикрон е идентификуван во десетици земји во светот. 

Слично

Поврзани вести