Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВНИМАТЕЛНО СЕ СЛЕДИ ТУРНЕАТА НА НЕНСИ ПЕЛОСИ: „Ако стапне на Тајван нема да седиме со скрстени раце“-предупреди Кина

ВНИМАТЕЛНО СЕ СЛЕДИ ТУРНЕАТА НА НЕНСИ ПЕЛОСИ: „Ако стапне на Тајван нема да седиме со скрстени раце“-предупреди Кина

Сите очи на светот моментално се насочени кон движењето на една личност - тоа е Ненси Пелоси, претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, а тоа е поради Тајван.

Таа е на индо-пацифичка турнеја и навреме била предупредена да не „скршне“ од патот и да замине во Тајван, кој Кина го смета за своја територија.

„Кина нема да седи со скрстени раце“, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан.

Пред него слично предупредување на американскиот претседател Џо Бајден му пренесе и неговиот кинески колега Си Џинпинг.

Пелоси денеска е во Сингапур и официјално не е објавено дали сепак ќе го посети Тајван или не. Си-Ен-Ен пренесува дека сепак ќе го направи тоа, а од локални извори потврдиле дека хотел веќе резервирал неколку апартмани за Пелоси и членовите на нејзиниот кабинет кои се на турнеја со неа.

Истото го тврдат и тајванските медиуми кои наведуваат дека Пелоси сепак ќе пристигне во главниот град на Тајван, каде во среда ќе се сретне со тајванскиот лидер Цаи Инг-вен.

Според извештаите, Пелоси најверојатно ќе пристигне во Тајван утре вечер по локално време. Сепак, владата во Тајпеј одби да ги коментира наводите.

Сепак, она што некои медиуми го забележаа е дека американската морнарица наредила движење на тешко оружје, вклучително и носач на авиони, како и неколку воени авиони поблиску до границата со Тајван, токму со темпото со кое Пелоси се приближува кон спорната територија за Кина.

ФОТО: EPA/MICHAEL REYNOLDS

Слично

Поврзани вести