Економија, финансии, бизнис

Контакт

Влошено здравјето на Асанж, мора да ја напушти амбасадата на Еквадор

Влошено здравјето на Асанж, мора да ја напушти амбасадата на Еквадор

Здравствената состојба на основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж е полоша од ден на ден, а неименувани извори за „Блумберг“ изјавија дека се очекува во наредните недели да ја напушти амбасадата на Еквадор.

Асанж престојува во амбасадата од 2012 година и неговата слобода надвор од неа, не му е загарантирана. Тој може да биде приведен поради неплатени кауции во Лондон, а американските власти исто така имаат голем интерес за него.

Трпението на претседателот на Еквадор Ленин Морено е при крај, а сега откако е влошена здравствената состоба на Асанж, се прават дупли дипломатски напори за неговата слобода надвор од амбасадата.

Инаку, основачот на „Викиликс“ е во амбасадата на Еквадор во Лондон откако шведските власти го обвинија за сексуален напад. Иако ова обвинение е повлечено, сепак тој стравува дека Америка ќе го смести зад решетки, поради објавување на тајни дипломатски информации. 


Слично

Поврзани вести