Влошени прогнозите за стопанскиот раст на еврозоната, во 2014 година ќе има над 20 милиони невработени
ЕУ ја намали прогнозата за стопански раст на 17-те членки на еврозоната за 2014 година на 1,1 од 1,2 отсто, наведувајќи како причина дека побарувачката од пазарите во развој нема да биде толку силна како што се веруваше.
ЕК соопшти дека очекува економијата на монетарната унија оваа година да потоне за 0,4 отсто во согласност со претходните прогнози, но и дека во 2015 година ќе порасне за 1,7 отсто, пренесува агенцијата Франспрес.
ЕУ исто така ја зголеми прогнозата за невработеност во еврозоната за 2014 година на 12,2 од 12,1 отсто, иако порано очекуваше дека невработеноста следната година ќе падне од рекордното ниво, но слабото стопанско заздравување значи дека вкупниот број на луѓе без работа би можел да ја надмине и границата од 20 милиони.
Слично
