Влезот во еврозоната Летонија ќе ја чини 160 милиони долари
Министерот за финансии на Летонија, Андрис Вилкс денеска изјави дека влезот на земјата во еврозоната ќе ја чини 160 милиони долари.
Тој износ ќе биде употребен за прилагодување на информационите технологии, на прашања поврзани со воведување на еврото, замена на готовината во регионите, дополнителна безбедност на филијалите во поштата каде е можна замена на валутите, за плаќање на цените и другите цели во рамки на преминот кон еврото.
„Во целина тешко е да се процени колку конкретно ќе се потроши. Земјите кои претходно го воведуваа еврото таа процедура ги чинела половина процент од вредноста на БДП“, рекол Вилкс.
Летонија во март 2010 година донесе решение за воведување на еврото од први јануари 2014 година. Веќе на крајот на минатата година, земјата ги исполни сите потребни критериуми за да влезе во еврозоната.
