Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЛЕГУВАМЕ ВО ЕДЕН ОД НАЈОПАСНИТЕ ПЕРИОДИ ВО ИСТОРИЈАТА НА ЧОВЕШТВОТО: Пристигнаа алармантни податоци за нуклеарното оружје

ВЛЕГУВАМЕ ВО ЕДЕН ОД НАЈОПАСНИТЕ ПЕРИОДИ ВО ИСТОРИЈАТА НА ЧОВЕШТВОТО: Пристигнаа алармантни податоци за нуклеарното оружје

Нуклеарниот арсенал ќе се зголеми на глобално ниво во 2023 година, објави во понеделникот Меѓународниот институт за истражување на мирот (СИПРИ) во Стокхолм, предупредувајќи дека светот влегува во опасна фаза.

СИПРИ посочува дека тоа е последица на одлуката на земјите да ги прошират и модернизираат воените сили.

Проценетиот број на боеви глави во воените залихи се зголемил за 86, односно на 9.576, се наведува во соопштението на Стокхолмскиот институт, во кое се додава дека тоа станало тренд.

„Влегуваме во еден од најопасните периоди во историјата на човештвото“, изјави директорот на SIPRI, Ден Смит.

САД и Русија заедно поседуваат речиси 90 отсто од нуклеарното оружје, истакнува СИПРИ.

Во посебен извештај, Меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје (ICAN) со седиште во Женева наведува дека во 2022 година, деветте нуклеарни сили потрошиле вкупно 82,9 милијарди американски долари за модернизирање и проширување на нивните арсенали.

Само САД потрошиле 43,7 милијарди долари, повеќе од сите други земји заедно. Кина минатата година инвестирала 11,7 милијарди долари во нуклеарниот арсенал, а Русија 9,6 милијарди долари, се наведува во извештајот.


Слично

Поврзани вести