Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ВЛЕГУВАМ ВО СЕДИШТЕТО НА ТВИТЕР“: Илон Маск твитна

„ВЛЕГУВАМ ВО СЕДИШТЕТО НА ТВИТЕР“: Илон Маск твитна

Илон Маск доцна синоќа објави видео на кое се гледа како влегува во седиштето на „Твитер“ пред утрешниот рок за купување на оваа компанија за 44 милијарди долари. 

Но, неговото влегување е крајно невообичаено, тој носи мијалник, поради што твитна.

„Влегувам во Твитер. Let that sink it“ – напиша Маск.

Американскиот милијардер Илон Маск ги известил коинвеститорите, кои се обврзале да му помогнат при купувањето на Твитер по цена од 44 милијарди долари, и дека планира да го финализира купувањето на оваа компанија до петок, пренесува Reuters повикувајќи се на неименуван извор.

Маск наведува дека инвеститорите ја добиле потребната документација од неговите адвокати за да го финансираат купувањето на Твитер. Овој потег на американскиот милијардер покажува дека тој планира да постапи во согласност со одлуката на судот во Делавер да ја заврши трансакцијата до петок, наведува Ројтерс.

Во исто време, Маск го смени профилот на „Твитер“ и се опишува себеси како (Chief Tweet), а како локација го посочил седиштето на „Твитер“ кој се наоѓа во Сан Франциско.

– Влегувам во седиштето на „Твитер“ – напиша тој на „Твитер“.

Судот му даде рок на Маск до утре да го спроведе договорот за купување на социјалната мрежа од април, откако претходно се обиде да се повлече од зделката.


Слично

Поврзани вести