Властите во Венецуела објавија коригирана бројка за жртвите во земјотресот
Се зголеми бројот на жртви во Венецуела.
Бројот на загинати во двата силни земјотреси што минатата среда ја погодија Венецуела се искачи на 1.943 лица, соопшти претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригез. Бројот на повредени речиси е двојно зголемен и достигна 10.571 лице, додека спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините. Во понеделникот беше соопштено дека бројот на загинати изнесува 1.719 лица, што укажува дека бројот на жртви и понатаму расте. Првиот земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала се случи минатата среда во 18:04 часот по локално време, на околу 200 километри западно од Каракас. Набргу потоа следуваше втор, уште посилен земјотрес со магнитуда од 7,5 степени, чиј епицентар бил на околу 45 километри од првиот, по што следувале бројни последователни потреси.
Како што објави Американскиот геолошки институт (USGS), земјотресот со јачина од 7,5 степени е најсилниот што ја погодил Венецуела во последните сто години.
foto printskrin youtube
