Властите во САД не го прифатија планот на „Фолксваген“ за решавање на проблемот со штетните гасови
Американските власти процениле дека планот предложен од германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ за доведување во нормите на дизел автомобилите опремени со изманипулирани штетни гасови во САД, не може да биде одобрен, пренесе „Франс прес“.
Калифорниската агенција за заштита на животната средина, која придонесе за откривање на скандалот со германската компанија во септември, објави дека ги отфрла мерките кои биле предложени од концернот.
Предложениот план има празнини и не одговара на адекватен начин на влијанието во општ аспект на манипулациите и моторите врз карактеристиките на автомобилите, на нивните емисии и врз нивната безбедност, се наведува во соопштението на регулаторното тело. „Фолксваген“ е предмет на неколку истраги во САД поради тоа што бил опремен на речиси 600 000 од своите автомобили во земјата со софтвер кој ги манипулира резултатите од тестовите за штетните емисии.
Во одделна изјава на тoa калифорниското регулаторно тело, Американската агенција за заштита на животната средина, изјавила дека не се согласува за планот предложен од германскиот концерн и дека не е прифатлив.
Утре главниот извршен директор на „Фолксваген“, Матијас Милер ќе се сретне со шефот на американската Агенција за заштита на животната средина Џина МекКарти, за да разговараат за нови предлози.
„Ние знаеме дека сте длабоко разочарани од нашите клиенти, одговорните владини служби и пошироката јавност тука во Америка“, изјавил Милер за новинарите. Тој истакнал дека автомобилскиот гигант е „целосно спремен да ги поправи работите“.
