Властите во Луксембург покренаа истрага против „Скајп“ поради шпионажа
Програмата за бесплатно телефонирање „Скајп“, на „Мајкрософт“, се најде под истрага на судските органи во Луксембург, поради откривање кориснички податоци на Американската национална агенција за безбедност (НСА).
Уставот на Луксембург, каде што „Скајп“ има седиште, го гарантира правото на приватност, а прислушувањето на комуникациските канали смее да се врши само со судска дозвола и затоа властите во земјата покренале истрага за тоа.
Американската национална агенција за безбедност во јуни минатата година со дозвола од „Мајкрософт“ влегла во системот VOiP каде што имала пристап до електронската пошта на своите корисници.
Официјалните власти во Луксембург одбиле да ја коментираат истрагата, но медиумите шпекулираат дека е можно власта веќе да ја казнила компанијата, но без знаење на јавноста.
Слично
