Властите најавија дека Кипар е близу до решение на кризата
Вечерва би можело да се постигне договор за решавање на кризата во Кипар, изјави потпретседателот на владејачката партија Демократски собир (ДИСИ), Авероф Неофиту.
„Постои одреден оптимизам дека во следните неколку часа може да се постигне договор за платформа, така што Парламентот ќе ги прифати овие специфични мерки кои ќе бидат согласно рамката и целите, договорени на последната седница на Еврогрупата“, соопшти Неофиту на денешната прес-конференција.
Слично
