Власта во Данска сака невработените да ги чистат улиците на Копенхаген
Владејачката Данско либерална партија предлага невработените да бидат терани да ги чистат улиците на главниот град Копенхаген од цигари, догорчиња од цигари, стари шишиња и друго ѓубре, жалејќи се дека главниот град се претвора „во депонија“ во текот на летото, пренесуваат локални медиуми. "
„Предлагаме да се изберат 500 од локалните 16 илјади невработени и да бидат ставени на активности кои ќе траат до есен“, изјави кандидатот за општински советник од партијата на овогодинешните избори Сиси Лонинг-Сковгаард. „Целта е поголемиот дел од градот да остане чист и среден“, додаде таа.
Според неа оние кои добиваат помош за невработени треба да придонесат со нешто за општеството во замена за парите што ги добиваат.
Според многумина тоа ќе ги одвои оние кои навистина не можат да најдат работа од оние кои само сакаат да не прават ништо.
