Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владите не резервирале готовина за докапитализација на европските банки

Владите не резервирале готовина за докапитализација на европските банки
Владите на земјите од еврозоната главно не резервирале пари за ветената докапитализација на проблематичните банки по проверката на нивната состојба која би требало да се спроведе идната година, пишуба BBC. Истражувањето на Ројтерс покажа дека поголемиот број од земјите во случај за потребите на банките, ќе помагаат со издавање на обврзници или заеми, но не и со готовина. Некои аналитичари сметаат дека таквата неподготвеност само ќе ја разбуди должничката криза. Според проценките на рејтинг агенцијата Standard & Poor's, на европските банки за докапитализација ќе им требаат околу 95 милијарди евра.  
Слично

Поврзани вести