Владина кампања: Облекувајте се потопло за да штедите енергија!
Откако летоска јапонските власти ги повикаа граѓаните да штедат енергија со тоа што ќе одат помалку облечени на работа, сега во Јапонија на дневен ред е повикот "облекувајте се потопло". Во текот на летото Јапонците добија дозвола да го остават палтото и да работат без вратоврска, за се заштеди на климатизерите. Од денеска пак, се бара да се облекуваат потопло, за да не го пуштаат греењето.
Во земјата започна кампања, чија цел е да ги натера Јапонците да штедат на електрична енергија, која поскапе по несреќата во Фукушима минатата година.
Властите повикуваат да се користи разумот и да се штеди енергија, па сите работници мора да се облекуваат со додатни парчиња екстра облека, пренесуваат медиумите.
И Министерството за животна средина не остана покусо, туку побара во домовите да се користат некогашните методи на затоплување, како што се ставање на шишиња со топла вода за греење на студените кревети.
Слично
