Владимир Путин нема ништо против Украина да влезе во ЕУ
Претседателот на Русија Владимир Путин нема ништо против Украина да влезе во Европската Унија(ЕУ).
„ЕУ не е воена организација, за разлика од НАТО. Како што секогаш велам, нашиот став е многу конзистентен и јасен во овој поглед. Русија не е против тоа“, рече Путин.
Европската Комисија препорача кандидатски статус и за Молдавија, истовремено барајќи од Грузија да исполни одредени услови пред да го добие истиот статус.
Русија најави дека внимателно ги следи аспирациите на Украина за членство во ЕУ. Откако на 24 февруари, Русија ја нападна Украина, украинските власти побараа да почнат преговори со ЕУ. Денеска е 115-ти ден од почетокот на војната во Украина.
Слично
