Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владимир Путин ги разреши шефовите во безбедносните структури

Владимир Путин ги разреши шефовите во безбедносните структури

Претседателот на Русија, Владимир Путин потпишал декрет за кадровски промени во многу од безбедносните структури на земјата, тоа официјално било соопштено на сајтот на Кремљ. Овој пат отпуштањата ги зафатија главно регионалните управи на федералните агенции.

Меѓу отстранетите се раководителите на регионалните центри на Министерството за вонредни ситуации, на Федералната служба за извршување санкции и на МВР. Меѓу областите со најмногу оставки се Калужска, Костромска и Сверловска.

Отстранет е и московскиот градски воен обвинител Виктор Иванов, како и командантот на трупите на Источниот регионален округ на војниците на МВР Александар Шапошников. Пред околу еден месец имаше друг бран на отпуштања, но во централните заводи на безбедносните сили на Русија.

Слично

Поврзани вести