Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владимир Кличко раскажа како сега се живее во Киев

Владимир Кличко раскажа како сега се живее во Киев

Во украинската престолнина Киев, животот се враќа во нормала. 

Владимир Кличко, брат на градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, зборуваше за Би-Би-Си, при што изјави дека главниот град на Украина полека се враќа во живот.

Кличко оцени дека ситуацијата во Киев е тешка поради оштетената инфраструктура и проблемите со снабдувањето со храна и вода. Патиштата сè уште се блокирани за да се спречи инвазијата на руските сили.

Поранешниот боксерски шампион вели дека сообраќајот се зголемува, повеќе луѓе се на улиците и се слушаат помалку сирени за воздушни напади.

Но, тој предупредува дека стапката на луѓе кои се враќаат треба да се забави, велејќи дека ако сите се вратат одеднаш, тоа ќе „предизвика компликации“. Сепак, постои опасност дека руските сили ќе го гранатираат главниот град.

Русија се закани со напади на Киев, но Украинците вратија дека ако тоа се случи, мета ќе биде и Москва. Русија на 24 февруари ја нападна Украина и војната се уште трае. 

foto Printskrin

Слично

Поврзани вести