Владата на Австрија троши милиони на реклами
Oколу 31 милиони евра Австриската Влада минатата година потрошила на реклами.
Најголеми расходи имало Министерството за финансии кое на реклами потрошило 5,7 милиони евра, додека најштедливо Министерството за правда, само 150.000 евра.
Министерството за внатрешни работи за промоција потрошило 3,6 милиони евра, додека канцеларијата на канцеларот издвоила повеќе од 3,3 милиони евра, а Министерството за надворешни работи издвоило 2,2 милиони евра.
Меѓу најштедливите било Министерството за земјоделство - 860.677 евра, додека Министерството за наука потрошило 776.756 евра.
Слично
