Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вкупно 16 лица под надзор за ебола во Шпанија

Вкупно 16 лица под надзор за ебола во Шпанија
Уште три лица се ставени под надзор за ебола во Шпанија, со што бројот на потенцијално заразени со опасниот вирус во оваа земја се искачи на 16. Сите тие биле во контакт со заразената медицинска сестра Тереса Ромеро, која се бори за живот и која е прва личност што се зарази со ебола надвор од Африка. Никој од 16-те лица ставени во карантин засега не покажува симптоми на опасната болест. Под надзор се во болницата Карлос Трети. Во меѓувреме илјадници луѓе се собраа на протест во Мадрид во знак на поддршка на сестрата Ромеро и против одлуката да се успее нејзиното куче наместо и тоа да се стави во карантин. Демонстрантите бараат оставка од шпанската министерка за здравство Ана Мато.
Слично

Поврзани вести