Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИТЛЕЕМ СЕГА Е ГРАД НА ДУХОВИ: Нема славење на Божик во знак на солидарност со палестинските жртви

ВИТЛЕЕМ СЕГА Е ГРАД НА ДУХОВИ: Нема славење на Божик во знак на солидарност со палестинските жртви

Тивно е во Витлеем, каде според Библијата се родил Исус. Жителите на Витлеем го откажаа празнувањето на Божик поради солидарност со палестинските жртви. На плоштадот Мангер нема празнични светилки и новогодишна елка, јавува Франс 24. Само палестинските безбедносни сили патролираат.

Витлеем сега е град на духови. Претходниот месец, локалните водичи во градот донесоа одлука да ги откажат сите јавни божиќни прослави. Како што објави Асошиејтед прес, одлуката е донесена во знак на солидарност со палестинското население, затоа што продолжуваат тешките борби меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа. 

Продавниците за сувенири се двоумеле дали да работат на Бадник. Дел тоа го сториле, но, има малку посетители.

Во Газа, според тамошните здравствени влссти, од почетокот на војната загинале повеќе од 20.000 Палестинци, а над 50.000 се ранети. Хамас на 7 октомври годинава почна со напади на Израел, а потоа војната се префрли во Појасот Газа. 

фото: икс/принтскрин

Слично

Поврзани вести