Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИСТИНСКО ЧУДО ВО ТУРЦИЈА: Тригодишно дете извлечено од урнатините по 22 часа агонија (ВИДЕО)

ВИСТИНСКО ЧУДО ВО ТУРЦИЈА: Тригодишно дете извлечено од урнатините по 22 часа агонија (ВИДЕО)

Бројот на загинатите во земјотресите што вчера ги погодија Турција и Сирија достигна 4.800, а се стравува дека ги има многу повеќе. Во морето лоши вести, уште една добра пристигнува од Турција - тригодишно момче е извлечено од урнатините по 22 часа.

На Твитер е објавено видео од неговото спасување, каде што се наведува дека бил заробен во урнатините на зградата во која живеел дури 22 часа.

Станува збор за градот Малатија, кој беше во самиот епицентар на првиот разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала. Според сеизмолозите, вчера во Турција се случиле околу 100 последователни потреси, а во наредните денови се очекуваат уште повеќе.

Спасувачите сега се фокусирани на луѓето заробени во урнатините, а Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека бројот на загинати може да достигне и до 20.000.


Фото и Видео: Твитер

Слично

Поврзани вести