Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вистинскиот творец на биткоинот го откри својот идентитет

Вистинскиот творец на биткоинот го откри својот идентитет

Австралискиот претприемач Крег Рајт се откри себеси како креаторот на виртуелната валута биткоин. Тој го открил идентитет истовремено пред три изданија - ББС, списанието „Економист“ и списанието „GQ“.

Според британскиот државен медиум тој има обезбедено автентични докази за тоа дека токму тој е мистериозниот човек зад биткоинот . Тој дигитално ја потпишал пораката, користејќи шифриран клуч, создаден во деновите по лансирањето на биткоинот во 2009 година и со кој само нивниот автор би располагал.

До сега се сметаше дека творец на валутата е човек по име Сатоши Накамото, а голем број медиуми се обидуваа да го пронајдат Накамото и да воспостават врски со него. Се претпоставува дека човекот зад тоа име е Доријан Сатоши Накамото, чиј идентитет погрешно беше откриен во 2014 г.

Иако неоспорен доказ на Рајт „Економист“ наведува дека никогаш не може да биде утврдено без сомнение кој е креаторот на виртуелната валута. Во исто време БиБиСи наведува дека идентитетот на Рајт - 45-годишен компјутерски специјалист, била потврдена и од други членови на биткоин заедницата и претставниците на основниот тим кој е одговорен за создавањето на валутата.

Биткоинот е виртуелната валута, која се создава од компјутерски код. За разлика од реалната валута како долари или еврото, таа нема централна банка и на тој начин за неа не одговара ниедна влада. Наместо тоа заедницата од нејзините членови ја контролираат и регулираат.

Исто како и другите валути биткоинот може да бидат разменет за стоки, услуги или други валути додека спротивната страна во размената да се согласува на тоа.

Слично

Поврзани вести