Економија, финансии, бизнис

Контакт

Високите цени на бензинот ги „вивнаa“ цените во САД

Високите цени на бензинот ги „вивнаa“ цените во  САД
Високите цени на бензинот ги „вивнаa“ потрошувачките цени во  САД, покажуваат податоците добиени од владата. Во соопштението на американското Министерство за труд се наведува дека индексот на потрошувачките цени „IPC“ во јуни се зголемил за 0,5 проценти во однос на растот во мај од 0,1 проценти, додека основната инфлација (со исклучок на цената на енергенсите и храната) пораснала за 0,2 проценти, односно со истото темпо како и во мај, пренесува агенцијата Франс Прес. На годишно ниво, потрошувачките цени во јуни се зголемиле за 1,8 проценти, што е повеќе во споредба со растот во мај од 1,4 проценти, додека основната инфлација се зголемила за 1,6 проценти на годишно ниво, додаваат во соопштението на Министерството. Зголемувањето на цената на бензинот во јуни од 6,3 проценти сочинува околу две третини од растот на инфлацијата, цената на електричната енергија е зголемена за 3,4 проценти, а цената на храната за 0,2 проценти, по падот во мај од 0,1 проценти. Најновите податоци покажуваат дека инфлацијата и понатака е под зацртаната цел на ФЕД од два проценти.
Слично

Поврзани вести