Економија, финансии, бизнис

Контакт

Високи парични казни усвои Русија за нецензуриран јазик во медиумите

Високи парични казни усвои Русија за нецензуриран јазик во медиумите

 Рускиот претседател Владимир Путин ги потпиша денеска измените во Законот за медиуми и Кодексот за административни нарушувања, со кои е предвидена административна одговорност за граѓани, надлежни лица и правни лица за изготвување и ширење во средствата за масовно информирање на содржини со нецензурирани зборови и термини.

Нарушувањето на законот за граѓаните ќе чини од 50 до 75 евра, за надлежните лица од 75 до 490 евра, а за правните лица од 490 до 4.900 евра. Новиот закон предвидува и „конфискување на предметот на административно нарушување“.

Експертите по филологија ќе определуваат кои зборови и термини се нецензурирани, а законот ги опфаќа сите средства за масовно инфорирање, вклучувајќи ги и Интернет изданијата.

Слично

Поврзани вести