Високи царини за кинеските соларни панели во Европа
Ќе се воведуваат царини на увоз на кинески соларни панели во Европската унија . Ова го најави еврокомесарот за трговија Карл де Гухт кој појасни дека претставниците на Брисел и Пекинг добиле дополнителни два месеци за да пронајдат решение, по што овие антидампинг мерки ќе ги почувствуваат во целост.
„Европската комисија денеска едногласно одлучи да воведе казнени царини на кинески соларни панели, по откритието дека на европскиот пазар се продавани и до 88 отсто под цената“, изјави Де Гухт.
Во четврток на сила стапуваат првобитните царини, ќе бидат во висина од 11,8 отсто, по што на 6 август, доколку дотогаш не дојде до постигнување договор, ќе скокнат на просечните 47,6 отсто.
Во текот на 2011-та Кина во Европа има извезено соларни панели вредни 21 милијарди евра.
Слично
