Економија, финансии, бизнис

Контакт

Висок руски воен функционер загина во експлозија на автомобил-бомба

Висок руски воен функционер загина во експлозија на автомобил-бомба

Висок руски воен функционер загина во експлозија на автомобил-бомба во Москва. 

Раководителот на одделот за ракетно-артилерија при руското Министерство за одбрана, Дамир Давидов, е убиен во експлозија на автомобил-бомба во руската населба Балашиха, објави денес рускиот портал „Медуза“ .

Експлозијата се случила во вторник наутро во Московскиот регион откако Давидов го запалил својот автомобил.

Очевидци изјавија дека тој сè уште бил жив по експлозијата и дека се обиделе да му пружат помош, по што починал.

Истражниот комитет и Обвинителството на Московскиот регион првично потврдија дека се случила експлозија во Балашиха, но не го именуваа починатиот возач, а исто така објавија дека е покрената кривична постапка.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, не даде дополнителни детали.

„Ова, секако, е прашање за нашите специјални служби“, рече тој, додавајќи дека и рускиот претседател Владимир Путин бил информиран за експлозијата.

Двајца тинејџери беа уапсени под сомнение за вмешаност во експлозијата.

Украина досега изврши атентати на многу руски воени лица со поставување бомби во нивните автомобили.

Слично

Поврзани вести