ВИСОК РУСКИ ОФИЦЕР Е СМЕНЕТ: Генерал-полковник Михаил Теплински е нов командант на руската воена група „Дњепар“
Висок руски офицер е сменет од позицијата. Генерал-полковник Михаил Теплински е нов командант на руската воена група „Дњепар“ во Украина.
Генералот Теплински (54) на оваа позиција го менува генерал-полковникот Олег Макаревич, пишува весникот „Известија“.
Групата „Дњепар“ е распоредена на југот на Украина, во регионот на Херсон, каде што украинските сили се обидуваат да ја преминат реката и да се заврстат на руската страна. Имаше повеќе смени во руската армија откако лани на 24 февруари почна војната во Украина. Генералот Сергеј Суровикин, попознат како „Армагедон“, беше разрешен во август годинава.
Слично
