Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вишеградската четворка му постави ултиматуми на Брисел

Вишеградската четворка му постави ултиматуми на Брисел

Членовите на влијателната Вишеградска четворка (Полска, Унгарија, Чешка и Словачка - В4) ги отфрлија квотите за мигранти и уште еднаш повикаа на реформи во Европската унија (ЕУ), упатувајќи провокативни ултиматуми, пренесоа светски медиуми.

Барањата на Вишеградската четворка откако т.н.. Клуб „Мед“, во кој влегуваат Франција, Шпанија и Италија, формираа сопствена група на интереси, за да се спротивстават на моќта на Ангела Меркел. Развојот на работите е знак за зголемената дезинтеграција на ЕУ, како резултат на која блокот претставува едно поделено цело со различни фракции, како и секој од учесниците ги брани пред бирократите во Брисел своите интереси.

В4 му постави на Брисел ултиматум во неколку клучни области во кои тие гледаат отстапувања од европскиот проект и поставија конкретни барања до другите нации за изнаоѓање на решение на проблемите. 

Првиот ултиматум се однесува на ерозијата на демократијата поради растечката авторитарна Еврокомисија која ги залива земјите-членки со илјадници диктаторски закони. Групата вели дека сака зајакнување на улогата на националните парламенти и принципите на пропорционалност.

Потоа од В4 застанаа на рамноправноста меѓу членовите во ЕУ, го покрена прашањето дека земјите од Источна Европа се игнорирани од Германија и Франција за клучните прашања. Според В4 европската интеграција е заеднички проект и сите преговори треба да бидат сеопфатни и отворени за сите земји членки.

Прашањето за безбедноста исто така беше ставено на масата. Тоа стана приоритет по серијата крвави напади во Европа поврзани со миграционата криза. Последните терористички напади докажуваат дека постои нов предизвик, со кој ЕУ треба да се справи - зголемен тероризам и прекуграничен криминал, сметаат од В4.

Четирите држави се фокусираат на заштитата на надворешните граници на Шенген зоната, како и на целата ЕУ. Прашањето за безбедноста е тесно поврзано со миграцијата, која е голем проблем за пет од земјите членки. Токму тоа е причината В4 да инсистира за базирана политика на миграција врз принципот на „Повеќенаменска солидарност“.

На крај групата обрнува внимание на проблемите со единствениот пазар - вклучувајќи ги и „бедниот“проект со еврото, и во исто време се забележува дека популарноста на ЕУ претрпела бројни тешки удари поради континуираната економска стагнација.

Слично

Поврзани вести