Вишеградска четворка: Имаме потреба од Велика Британија
Чешка, Полска, Словачка и Унгарија се изјаснија за останувањето на Лондон во Европската унија.
Вишеградската четворка сака Британија да остане во Европската унија.
„Оваа земја игра многу важна улога во ЕУ. Имаме потреба од Велика Британија"- истакна полскиот премиер, Беата Шидло по средбата во Прага со своите колеги од Чешка, Словачка и Унгарија.
Словачкиот премиер Роберт Фицо, чија земја го презеде ротирачкото претседателство на ЕУ на 1 јули, истакна дека каков и да е резултатот од британскиот референдум на 23 јуни, ќе има проблеми.
„Ако Британија остане во Унијата, ќе следи тежок период на спроведување на бараните од неа реформи во блокот. Европските договори не предвидуваат никаква постапка за евентуално излегување од ЕУ“ - посочи Фицо.
Во заедничка декларација премиерите на четирите земји нагласуваатдека за Европската унија ќе биде полесно да се справи со неколку тешки предизвици, ако Британија е дел од него. Околу 800 000 Полјаци и стотици илјади Чеси, Словаци и Унгарци емигрирале на островот во потрага по подобар живот.
