Виса и Мастеркард ќе го сносат товарот на заладените руско-американски односи
Американските компании Виса и Мастеркард ќе бидат првите кои ќе мора да сносат последици заради заладените односи меѓу Москва и Вашингтон. Рускиот премиер Димитриј Медведев нареди двете американски компании да бидат „казнети“ како одговор на санкциите што ги воведоа САД против банки блиски до Кремљ.
Во согласност за американските санкции кон Русија, Виса и Мастеркард престанаа да вршат исплати за клиентите на голем број банки, вклучувајќи и една контролирана од милијардер близок до рускиот претседател Владимир Путин. На ова Русија најави дека ќе воспостави сопствен систем за електронско плаќање.
“Нема сомнеж дека ова е повреда на постојните спогодби. Треба да го направиме неопходното за да го вратиме чувството за реалност кај предметните странски оператори . Нека не се кријат зад виша сила и заповеди на претседатели и на парламенти.Тие треба да се вклопуваат во рамките на постојниот систем за економски односи“, рече Медведев во обраќањето пред Долниот дом на рускиот Парламент.
Според него, однесувањето на Виса и Мастеркард нема да помине неказнето, без да прецизира какви санкции против двете компании има намера да наметне.
Слично
