Вирусот Зика стигна во Македонија?
Прв сомнителен случај на смртоносниот вирус Зика беше пријавен денеска во Македонија. Станува збор за тримесечно бебе од Дојран со аномалија на черепот и со мала глава, за кое постои сомневање дека го има вирусот.
Аномалиите се јавиле во првите три месеци од бременоста, а мајката во тој период патувала во Грција. Била касната од комарец што е особено важно во случајов бидејќи токму овие инсекти го пренесуваат вирусот.
Тестирањата треба да покажат дали новороденчето е заболено од вирусот.
Директорката на Клиниката за детски болести Аспазија Софијанова, рече дека се прават анализи за да се утврди присуство на вирусите Денга или евентуално Зика, а резултатите се очекуваат за десетина дена.
Инаку, Зика се појави во Бразил минатата година, а набрзо се прошири и во земји од САД и Европа.
Најопасен е за бремените жени, бидејќи влијае на фетусот, а децата се раѓаат со оштетувања на мозокот што може да предизвика и смрт.
Најчестите симптоми на зика вирусната инфекција се благи треска и егзантем (црвенило на кожата), обично придружена со конјунктивитис,болка во мускулите или зглобовите и општа малаксаност, којашто започнува 2-7 дена по каснувањето од заразениот комарец.
