Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вирусот Зика стигна во Европа

Вирусот Зика стигна во Европа

Четири случаи на вирусот Зика се потврдени во Шпанија, информираат од шпанското министерство за здравство.

Една од нив  е и бремена жена која патувала во Колумбија и заболила од вирусот зика.

Анализите потврдија дека шпански државјанин, кој бил во Латинска Америка е заразен со вирусот.

Пациентот пред две недели се обратил кај лекарите, жалејќи се на симптоми од обичен вирус, по што се покажало дека се работи за вирусот Зика.

И претходните два случаи на заболени од вирусот, се Шпанци кои неодамна се вратиле од Латинска Америка.

Инаку, петнаесетина земји од Латинска Америка се наоѓаат на листата на ризични земји . Најголемиот ризик засега се лоцира во Бразил.

Во обид да се спречи ширењето на вирусот, повеќе авио-компании објавија дека ќе ги рефундираат трошоците на патниците кои купиле карти за да патуваат во некои од земјите погодени од вирусот.

Слично

Поврзани вести