Вирусот „ЗИКА“ – што знаеме, а што не знаеме за оваа зараза!
Вирусна зараза, која тргнала од Бразил, одеднаш се претвори во тревога за Јужна и Северна Америка, а Светската здравствена организација предупреди дека таа се шири експлозивно и може да влијае на 3-4 милиони луѓе на двата континента. Фармацевтски компании велат дека може да предложат експериментална вакцина до крајот на годината, но за масовна употреба таа ќе е на располагање после неколку години. Лекари и специјалисти уште не знаат сè за вирусот зика. Според последните информации, тој веројатно води до повреди кај новороденчиња - микроцефалија, а веројатно и оштетување на видот и слухот.
Собравме неколку основни факти за оваа непозната инфекција, откриена веќе и кај Европејци, кои биле во псоета на Јужна и Латинска Америка.
- Вирусот се пренесува преку каснување од инфициран женски комарец Aedes - истиот тип, кој шири денга, жолта треска и болеста чикунгунја (вид на болест распространета претежно во Африка и Азија, но регистриранаво 2007 година и во Италија)
- Човек каснат од комарец и заразен, е потенцијален индиректен извор на зараза, бидејќи теоретски би можел да ја предаде на други комарци кои го каснат
- Има само еден регистриран случај со сомневање за пренос од човек на човек по полов пат, но тоа не е конечен заклучок
- Нема лек или вакцина за заразените со зика
- Обидите за контрола на ширењето на вирусот вклучуваат уништување на местата каде што се шират комарците и заштита од каснување преку репеленти или специјални мрежи
- Карактеристичните сипмптоми се блага треска, осип на кожата, конјунктивитис, болка во мускулите и зглобовите, замор; тие продолжуваат обично помеѓу 2 и 7 дена
- Кај повеќето луѓе (во рамките на околу 80%) никогаш не се развиваат овие симптоми
- Вирусот се поврзува со тешки породилни дефекти, бебињата се раѓаат со мали глави и неразвиени мозок; за оваа врска, според СЗО, има сериозни сомневања, но не и категорични докази; во Бразил, каде тргна сегашниот проблем, во област со зика од септември наваму се регистрирани околу 4.000 случаи (речиси 20 пати над нормалата) на микроцефалија, често предизвикува заостанување во психичкиот развој, говор и моторните способности и растот
-бразилски специјалисти велат дека повеќето бремени жени не знаат дека се инфицирани, бидејќи над три четвртини воопшто немаат симптоми, но изгледа повредите се добиваат кога инфекцијата се развива во првите три месеци од бременоста
- Случаи на зика се регистрирани сега официјално во 23 држави во двете Америки, соопшти СЗО, а најпогоден е Бразил
- Комарците Aedes, ја пренесуваат заразата во Северна и Јужна Америка, ги нема единствено во Чиле и Канада, изјави Пан од Американската здравствена организација (ПАЗО).
- Зика е откриен во тропски зони со големи популации на комарци; епидемии се регистрирани во Африка, двете Америки, Јужна Азија и Западниот Тихи Океан
- Вирусот, познат првично како ZIK, е откриен во Уганда во 1947 година кај мајмуни резус, а кај луѓе е регистриран за прв пат во 1952 година во Уганда и Танзанија, покажуваат податоците на СЗО
- Нема докази зика да се пренесува на бебињата при доење, но тоа може да оди преку крв, велат од ПАЗО
- Не е сигурно дека кај бремените вирусот поминува низ плацентата и предизвикува микроцефалиja
- Во 2013-2014 година при епидемија во Француска Полинезија имаше пораки од националните здравствени власти за невообичаено многу случаи на Гилен-Баре - ретка автоимуна болест, при што го напаѓа имунолошкиот систем; сега и од Бразил објавија за слични случаи
- До 2007 година никогаш не била регистрирана голема епидемија од зика и затоа се знае премногу малку за компликациите и долгорочните последици од инфекцијата, соопштија од СЗО
- Недоволно информации има и околу периодот на инкубација на зика и како вирусот комуницира со другите вируси пренесени од комарците.
