ВИРУСОТ ЗЕМА ЗАМАВ: На секои 7 минути умира по еден човек
Коронавирусот „коси“ во Иран.
На секои 23 секунди се заразува по еден човек во оваа земја, а на секои 7 минути има починат.
За 24 часа во Иран имало рекордни 3.825 новозаболени со Ковид-19, објави денеска Министерството за здравство.
Во земјата за 24 часа од коронавирус починале 211 луѓе односно на секои седум миниути бил пријавуван по еден смртен случај.
„Со рапидниот раст бројот на смртни случаи се искачи на 23.380, а над 460.000 луѓе се инфицирани со Ковид-19“, изјави портпаролот на иранското Министерство за здравство, Сима Лари.
Експертите бараат итно воведување на карантин.
Сепак оваа мерка не ја одобрува иранскиот претседател Хасан Рохани поради еконоската криза во земјата.
Во светот има 34.2 милиони заразени со коронавирусот, а во Иран вирусот е дијагностициран кај 461,044.
Слично
