Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вирусот сепак има слаба точка откако ќе мутира

Вирусот сепак има слаба точка откако ќе мутира

Новиот мутиран вид корона има слаба точка. 

Научна студија покажа дека истата мутација што му овозможи на вирусот САРС-КоВ-2 толку многу да се шири низ целиот свет меѓу луѓето е всушност неговата слаба точка. На неа треба да се цели во иднина.

Еден од видовите на новиот коронавирус, се нарекува D614G. 

Тестирајќи на заморчиња, научниците од Универзитетот во Северна Каролина и Висконсин-Медисон откриле дека овој специфичен вид на коронавирус се размножува побрзо и се шири полесно од оригиналниот коронавирус – D614G. 

Тој е десет пати помоќен од оригиналниот вирус, и сето тоа поради неговата подобрена способност за инфилтрирање на неговиот шилест протеин, кој му дава изглед на круна и со кој влегува во човечките клетки.

Ковид-19, кој предизвикува D614G, се шири побрзо, но предизвикува помалку тешка болест од оригиналниот вирус и е почувствителен на лекови, вклучително и терапија со антитела.

Сепак, мутациите во новиот коронавирус се непредвидливи и бараат дополнително истражување.

Во светот расте бројот на заразени, а посебно Европа е на удар. 

Сепак има и мал број на земји каде вирусот не се проширил. 

Слично

Поврзани вести