ВИРУСОТ ПОД КОНТРОЛА: Вакцината за Ебола се покажа како ефикасна
Околу 800 лица, кои може да биле во контакт со 8 погодени од вирусот Ебола, се вакцинирани во јужниот дел на Гвинеја, соопштија од Светската здравствена организација.
Експерименталната вакцина, која во последната недела била применета во Гвинеја и Сиера Леоне, се покажала ефикасна во заштитата од вирусот Ебола.
Стратегијата со т.н. кружна вакцинација има две нивоа - се третираат не само луѓето кои биле во контакт со болните од вирусот, но и пријатели и нивните семејства.
Во декември минатата година беше најавено дека Гвинеја е „излечена“ од Ебола, но оттогаш се регистрирани осум случаи на болни, а седум од нив за завршија фатално.
И покрај сè, здравствената организација уверува дека вирусот кој уби 11 000 во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, е под контрола и не може да се смета за глобална закана.
